| Се креираа првите блогови од проектот „Социјални медиуми за демократија“ |
|
|
|
| 29.03.2010 |
|
На првиот циклус на обуки од проектот „Социјални медиуми за демократија“, одржани во периодот од 23 до 26 март, се креираа првите четири блогови за застапување на одредена кауза. Учесници на обуката беа претставници на невладини организации и индивидуални активисти. Обуката беше спроведена во соработка со Младинскиот образовен форум. Во рамките на обуката, покрај креирањето на блоговите, учесниците беа поттикнати да ги користат и социјалните медиуми, преку кои може да ги известуваат и да контактираат со своите читатели. Секој учесник во зависност од своите потреби и можности, понатаму ќе ги користи соодветните профили на социјалните мрежи за промовирање и ширење на својата кауза. Претставување на креираните блогови Блог за Вегетаријанство: Овој блог ќе има за цел да ја подигне свеста на општеството за придобивките од вегетаријанскиот начин на исхрана и да понуди совети и препораки. Блог за Креативни градови: Овој блог ќе се фокусира на придонесот на уметноста и на креативните индустрии во воведувањето иновации во градовите и помагање тие да станат препознатливи. Блог за Младите во бизнисот: Овој блог ќе се фокусира на промена во менталниот склоп на младите луѓе за започнување со сопствен бизнис. Блог за Подигнување на капацитетите на Ромите: Овој блог ќе се фокусира на подигнување на капацитетите на Ромите со неформално образование, со цел да се постигне позитивна промена.
|