Македонски
Почетна Активности Најава за настан: Тркалезна маса „Приватноста во Македонија“, 4 јуни
Најава за настан: Тркалезна маса „Приватноста во Македонија“, 4 јуни PDF Печати Е-пошта
25.05.2010

Фондацијата Метаморфозис на 4 јуни 2010 година (петок) ќе организира јавна тркалезна маса на тема „Приватноста во Македонија“.


Настанот ќе се одржи во Скопје во просториите на Стопанска комора на Македонија на ул. Димитрие Чуповски бр. 13 од 10  до 12 часот.

Цел на тркалезната маса е овозможување јавен простор за разгледување на тековните состојби со приватноста во Македонија, особено во контекст на електронските комуникации, при што ќе бидат поканети претставници на сите заинтересирани страни: релевантните министерства и други владини тела, независните регулаторни тела, стручни лица, традиционални и нови медиуми, како и претставници на приватниот и граѓанскиот сектор.

Агендата на тркалезната маса ќе опфати:

1. Воведни излагања од страна на:

  • г. Тито Петковски, пратеник и претседател на Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собрание на РМ (потврдено учество)
  • Претставник на Министерството за транспорт и врски на РМ
  • г-а Валентина Димковска, Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ (потврдено учество)
  • д-р Јован Јовчески, Универзитет Американски колеџ, Скопје (потврдено учество)
  • г. Филип Стојановски, Фондацијата Метаморфозис (потврдено учество)

2. Отворена дискусија

 

На тркалезната маса ќе биде презентиран извештајот на Метаморфозис за состојбите со приватноста на Интернет во Македонија во текот на 2009 година, како и ставот во врска со неодамна предложените измени на Законот за електронски комуникации.

Влезот на трибината е слободен, при што од логистички причини е пожелно учесниците да го најават своето присуство преку е-пошта на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или преку настанот на Фејсбук.

Трибината е организирана во рамки на проектот Иницијатива за приватност на интернет поддржан од ФИООМ и Мрежната програма на Институтот отворено општество.

Тагови: privacy , приватност , OPI
 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5