Македонски
Почетна Активности Заврши обуката за мултимедија и нови медиуми за млади новинари
Заврши обуката за мултимедија и нови медиуми за млади новинари PDF Печати Е-пошта
29.06.2010

Во два циклуса, Фондацијата Метаморфозис спроведе обука за мултимедија и нови медиуми за млади новинари. Првиот циклус се случуваше викендот на 5 и 6 јуни, а вториот викендот на 19 и 20 јуни. На обуката учествуваат 7 новинари, на кои по извршено тестирање им беа доделени сертификати за успешно совладување на материјата.

Целта на обуката е подготовка на новинарите од традиционалните медиуми за успешно вклучување во процесот на дигитализација и спремност за користење на сите технолошки предизвици кои стануваат потреба во нивната професија.

Агендата на обуката ги опфаќаше следните теми:

  • Слобода на изразување на интернет
  • Пишување за веб и блогирање
  • Авторски права и слободни лиценци
  • Користење на опрема за фотографирање  и обработка на фотографија
  • Изработка, обработка, објавување и конверзија на аудио содржини
  • Приватност на интернет
  • Изработка, обработка и објавување на слајдкасти
  • Изработка, обработка, објавување и конверзија на видео содржини
  • Максимално искористување на социјалните медиуми во новинарската работа

Тренери на обуката беа Ирина Шумадиева, Елена Игнатова и Филип Стојановски.



Поврзани написи:

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5