Македонски
Почетна Активности Лансиран веб-сајтот „Дигитални складишта“
Лансиран веб-сајтот „Дигитални складишта“ PDF Печати Е-пошта
14.07.2010

Фондацијата Метаморфозис објави нов веб-сајт наменет за високо-образовните, истражувачките и воопшто за сите институции кои планираат да воспостават дигитално складиште за архивирање на своите документи, трудови, софтвер, наставни ресурси, мултимедијални фајлови и сл.

Веб-сајтот „Дигитални складишта“ е адаптација на содржините од инфо-алатката „Digital Repositories“ објавена од JISC infoNet. Достапен е на македонски јазик, а набрзо ќе биде пуштен и на албански.


Инфо-алатката за дигитални складишта е практичен „како да“ водич кон воспоставување и раководење со дигитални складишта. Таа содржи информации кои се протегаат од почетната идеја за дигитално складиште и процесот на планирање, преку детални описи за воспоставување и промоција на складиштето, до негово одржување и управување.

Овој ресурс е напишан за администраторите на складишта, но не бара претходно искуство во оваа работа, ниту пак техничко знаење. Алатката може да ја користи секој што има потреба од запознавање со која било од опфатените теми, додека за понатамошно користење на содржините во дигитална форма, треба да се почитуваат условите од Криејтив комонс лиценцата Наведи извор 2.5 Македонија.

digitalni-skladishta

 

Сајтот истовремено служи за поврзување со детални информации за преземање, инсталирање и користење на DSpace како слободна софтверска алатка за поставување дигитални складишта. Исто така, тука ќе се поставуваат, во вид на линкови, сите дигитални складишта, достапни онлајн за целата јавност, а воспоставени и уредувани од институции лоцирани во Македонија.


Што е дигитално складиште?

Дигиталните складишта овозможуваат управување, складирање и пристап до дигитални содржини. Тие можат да бидат во многу облици и секакви веб-страници и бази со податоци можат да се сметаат за складишта. На сајтот главното внимание се посветува на институционалните складишта и алатката ги одразува најдобрите тековни практики во заедницата на институционалните (со слободен пристап) складишта.

Предностите од депонирањето дела во дигитални складишта со отворен пристап се бројни: поголема видливост на резултатите од истражувањата, зголемено влијание на публикациите, можност за мерење на користењето на трудовите, локална и глобална пристапност до содржините, воспоставување соработки, финансиска заштеда итн.
 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5