| Обука за промоција на складиштето на Економскиот институт |
|
|
|
| 28.10.2010 |
|
Вчера, во просториите на Метаморфозис, се одржа обука за користење на социјалните медиуми, како алатки за промоција на складиштето со отворен пристап поставено на Економскиот институт во Скопје. Тричасовната обука беше главно концентрирана на Фејсбук, за која цел се изработи страница за промоција и се вежбаа техниките за поставување на линкови, настани и сл. Потоа беа презентирани уште неколку сервиси кои може да се користат во промотивната кампања за складиштето која ќе следува. Како резултат од одржаната обука и презентирањето на различните сервиси, ќе се избере сет од алатки и ќе се осмислат начините на кои тие ќе се користат за континуирана промоција на складиштето. На обуката учествуваа 4 луѓе од персоналот на институтот. |