Македонски
Почетна Активности Презентација и трибина по повод Европскиот ден на заштита на лични податоци
Презентација и трибина по повод Европскиот ден на заштита на лични податоци PDF Печати Е-пошта
26.01.2011

По повод Европскиот ден на заштита на лични податоци, 28 јануари, Фондацијата Метаморфозис и Дирекцијата за заштита на лични податоци ќе организираат презентација и јавна трибина на тема „Безбедна електронска комуникација: фикција или реалност“.

Настанот ќе се одржи во ЕУ инфо центарот, во петок со почеток од 12 часот и ќе биде поделен на два дела. Во првиот дел ќе се презентира водичот за градење добри политики за приватност кој го изработија Метаморфозис и Дирекцијата. Потоа ќе следува јавна трибина на која ќе се разгледуваат мислењата на претставници од Дирекцијата за заштита на личните податоци, Министерството за информатичко општество, Фондацијата Метаморфозис како и невладиниот сектор, медиумите и други засегнати страни во однос на нацрт-кодексот за заштита на приватноста на Интернет.

На настанот се поканети и претставници од институции, медиуми, провајдери, контролори  и обработувачи на лични податоци.

Сите граѓани, фирми и организации се добредојдени да ги испратат своите забелешки за кодексот на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Заклучоците и забелешките од трибината, како и сугестиите упатени директно до фондацијата, ќе бидат анализирани и соодветно вградени во финалната верзија на кодексот која потоа ќе биде објавена на веб и на тој начин, достапна за јавноста.

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5