| Најава: Циклус јавни расправи за Националната политика за слободен софтвер |
|
|
|
| 11.03.2011 |
|
Започнува втората фаза од имплементацијата на проектот за донесување на национална политика за слободен софтвер. Овој проект е дел од активностите на Слободен софтвер Македонија, поддржан од фондацијата Метаморфозис и Министерството за информатичко општество. Оваа фаза значи јавна расправа по текст подготвен од работната група составена од различни интересни групи. На овие настани, претставници од „Слободен софтвер Македонија“, фондацијата „Метаморфозис“ и Министерството за информатичко општество ќе ја презентираат нацрт-политиката а ќе дискутираат по сугестиите кои ќе дојдат од заинтересираната јавност. Настаните ќе траат околу 2 часа. Целните групи за кои се наменети овие настани се: а. Академската заедница б. Бизнис заедницата в. Граѓанските организации г. Локалната власт Предвидени се 4 јавни настани кои ќе се случат во: 1. Тетово. 14.март во 13ч локација: центар за балканска соработка Љоја 2. Штип. 17.март во 13ч локација: општинска сала 3. Скопје. 21.март 13ч локација: ПМФ 4. Битола. 22.март 11ч локација: Технички факултет Доколку сте заинтересирани да учествувате во презентацијата Ве молиме пишете на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Воедно, доколку можете, препратете ја информацијата до релевантни организации и индивидуи од овие области. |