| Е-Журка? ЖУРКА Е! |
|
|
|
| 22.11.2011 |
|
Во склоп на седмата меѓународна конференција е-Општество www.e-society.mk, ќе се огранизира „е-журка? ЖУРКА Е!“ на ден 23.11.2011 во МКЦ со почеток од 20:30 часот, под мотото рециклирај, реупотреби.
Дојдете да се забавуваме заедно на „е-журка? ЖУРКА Е!“ Со звуците на Далибор Дадоф (DJ set) & Влатко (percussion) & Игор Стефановски (live saxophone) да ја продолжиме приказната за помалку електронски отпад и да покажеме дека се грижиме за средината во која сите живееме. Преку едукативни видео инсерти на тема како практично да се искористи е-отпадот и изложба на уметнички парчиња-накит направени од е-отпад ќе ја пренесеме пораката за заштита на човековата околина. Организатор и главен покровител е Фондацијата Метаморфозис преку „Балканската мрежа за застапување при управување со е-отпад“. |