| Како да се справите со е-отпадот |
|
|
|
| Напишано од Елена Игнатова | ||
| 13.07.2011 | ||
|
Секој од вас дома има неколку уреди кои ви седат во некое ќоше или во подрум. Но, бидејќи е-отпадот претставува опасност за животната средина, секој од вас кога ќе реши да ги отстрани уредите од својот дом треба тоа да го стори на соодветен начин.
Донирајте!Старите уреди кои веќе не ги користите, може да ги донирате. Постојат многу луѓе кои со задоволство ќе ги прифатат и ќе продолжат да ги користат. Доколку имате опрема за донирање може да ја огласите на сајтот на проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“, во делот Ре-употреби. Вратете ги на производителот или рециклирајтеМногу производители нудат опција да го вратите вашиот стар уред, со цел тие понатаму соодветно да го рециклираат. Исто така постојат компании во Македонија кои вршат преземање на е-отпад и потоа ги рециклираат, но за тоа да се случи потребно е да имате поголемо количество. Доколку имате е-отпад од кој сакате да се ослободите, пишете ни за повеќе информации или пак обратете се на некоја од компаниите кои се занимаваат со тоа:
Секако за да придонесете за помалку е-отпад може и да купувајте помалку. Не го заменувајте вашиот стар уред, кој сè уште ја врши својата функција само затоа што излегол нов модел. Ако веќе се решите да купите, купете производ означен како еколошки. Министерството за животна средина и просторно планирање изготви нацрт Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, кој се очекува да биде во собраниска процедура на есен, а да стапи во сила од 2013 година, со кој проблемот за ослободување од е-отпадот треба да биде надминат |