|
15.07.2004 |
|
Скопскиот регион на НВО-парламентот и Македонски телекомуникации ќе организираат јавни дебати во повеќе градови за да им ги објаснат на граѓаните зголемените цени на телефонските услуги...
Скопскиот регион на НВО-парламентот и Македонски телекомуникации ќе организираат јавни дебати во повеќе градови за да им ги објаснат на граѓаните зголемените цени на телефонските услуги. На дебатите ќе учествува и Управата за телекомуникации.
- Пријатно сме изненадени од согласноста на Македонски телекомуникации да организираме заеднички дебати. Тоа е добар начин на граѓаните да им ги објасниме многуте нејаснотии за зголемувањето на цените. Јавноста ќе ја запознаеме и со концесискиот договор меѓу Владата и Матав - изјави Владо Димовски, претседател на НВО-парламентот, на вчерашната прес-конференција.
Според Димовски, соработката со Македонски телекомуникации била голем успех за НВО-парламентот.
- Со прифаќањето на соработката со НВО Парламентот, компанијата ја манифестира отвореноста кон граѓаните - вели Славе Младеновски. менаџер за надворешна комуникација во телекомот.
Првата јавна дебата ќе биде организирана идната недела во Скопје.
M.J. |