Македонски
Нов вирус Бекдор-ЦГТ (Backdoor-CGT) PDF Печати Е-пошта
16.07.2004
Голем број на компании што се занимаваат со креирање на антивируси ја објавија информацијата за новиот тројански вирус...

Голем број на компании што се занимаваат со креирање на антивируси ја објавија информацијата за новиот тројански вирус кој ги напаѓа корисниците на Мајкрософт аутлук експрес (Microsoftovog Outlook Express). Станува збор за вирусот Бекдор-ЦГТ (Backdoor-CGT) кој пристигнува како спам во електронската пошта и се активира кога невнимателниот корисник ќе одбере некој линк од примената порака. Kомпанијата Месиџлабс (MessageLabs) специјализирана за филтрирање на електронските пораки за само два работни часа добила повеќе од 3000 пораки со овој вирус.

Вирусот напаѓа во неколку фази кои резултираат со инсталирање на тројанецот. Линкот го води корисникот до неколку веб локации, а секоја од нив претставува една фаза во заразувањето. За да го инсталира вирусот, Бекдор-ЦГТ го користи недостатокот на Аутлук експрес во препознавањето на ХТМЛ елементот ИФРАМЕ (IFRAME). Тројанецот отвора мала врата која ја користат напаѓачите за комуникација и управување со заразениот компјутер.

Експертите утрдија дека Бекдор-ЦГТ потекнува од сервер од Чешка со домеин .biz, но неговите креатори сè уште не се познати .



 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5