Македонски
Поттикнување на локални е-содржини PDF Печати Е-пошта
10.11.2009
Овој проект има за цел да го поттикне креирањето на локални е-содржини во Македонија, зголемувајќи го нивото на онлајн „производство“ на содржини на локалните јазици, како и квалитетот на достапните содржини, особено кога тие се однесуваат на образованието и отворениот пристап. Проектот ќе користи двоен пристап за изградба на капацитетите на потенцијалните и тековните креатори на содржини, и ќе обезбеди дигитална инфраструктура за мотивирање на таквото креирање на содржини врз основа на промоцијата на содржини на локалните јазици и повратната информација од корисниците.

Општата цел на проектот е да се придонесе за конструктивна употреба на дигиталните технологии како алатки за критичко размислување и демократизација во Македонија, преку зголемување на квантитетот и квалитетот на е-содржините.

Задачи:

  • Да се подигне свеста за важноста на локалните е-содржини и да се придонесе за подобрена правна/институционална средина која го поттикнува креирањето на содржини
  • Да се подобри видливоста на независните и непрофитните публикации кои промовираат критичко размислување, и да се креираат нови ресурси за промоција и агрегирање на публикации со отворен пристап
  • Да се зголеми квантитетот на содржините релевантни за граѓаните на Македонија, на локалните јазици и на англиски, преку користење на нематеријални фактори за мотивација
  • Да се зголеми квалитетот на локалните содржини достапни на интернет, преку зголемена свест и ниво на ИТ вештините, со примената на најдобри практики

Резиме на активностите

  • Подигнување на јавната свест преку континуирани јавни презентации за формите кои граѓаните можат да ги користат за да придонесуваат за создавањето на локални содржини (блогови, отворен пристап, Википедија, и користење на постојните медиуми), како и залагање за подобрувањето на правната рамка со цел да се овозможи воведување на создавањето на дигитални содржини во јавниот образовен систем.
  • Зголемување на способностите на тековните и потенцијалните креатори на содржини преку обуки за блогирање, отворен пристап, користење и ажурирање на Википедија, и користење на социјалното вмрежување.
  • Мотивирање на создавањето на содржини врз основа на зголемениот број на посети и повратни информации на индивидуалните веб-сајтови, преку развивање на агрегаторска платформа која инклузивно би ги претставувала образовните содржини од македонските интернет страници, како и содржините создадени од корисниците. Платформата ќе содржи механизми за филтрирање и персонализација со кои се овозможува учество на корисниците во уредувачкиот процес, користејќи ја „мудроста на толпата“ за да се подобри „откривањето“ на релевантни содржини и искористувањето на потребите на „пазарите“ на знаење, како што се содржините на сите локални јазици.
  • Последователни активности за развој на онлајн новинарство, соработка со редакции на традиционални медиуми со присуство на интернет и е-изданија за поттикнување граѓанско учество и вмрежување, како и обезбедување поддршка за активности кои го зголемуваат плурализмот во известувањето за тековни настани како основа за критичко размислување и анализирање од страна на граѓаните, наспроти тенденциите за монополизирање на вистината од центри на моќ.

Назад кон Нови медиуми
Тагови: new media , e-content
 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5