| Социјални медиуми за демократија |
|
|
|
| 10.11.2009 |
|
Проектот има за цел да овозможи демократски развој во Македонија, преку употребата на нови технологии - социјалните медиуми и содржините генерирани од граѓаните. Проектот ќе се фокусира на градење на капацитетите на активистите кои веќе работат на одредена кауза во рамките на своите заедници и на национално ниво, со цел да им се обезбедат вештини и алатки кои ќе им овозможат да се поврзат меѓусебно, како и со општата популација. Примарните корисници на проектот ќе ја сочинуваат главната група на лидери кои ќе го распространуваат знаењето понатаму во рамките на нивната заедница и на национално ниво преку онлајн алатки и подигање на јавната свест за нивната конкретна кауза. Учесниците на обуката ќе бидат избрани преку јавен конкурс објавен на веб-сајтови, мејлинг листи и блогови кои ги користат невладини организации и граѓански активисти, што всушност е еден вид на претходно селектирање само на оние кандидати кои ги имаат потребните вештини и интерес. Цел на проектот: Распространување на технички и лидерски вештини во граѓанскиот сектор во Македонија, овозможувајќи им на невладините организации и индивидуалните активисти да почнат да ги користат тие вештини како средства за позитивна општествена промена во однос на избраната кауза. Очекувани резултати:
Назад кон Нови медиуми |