| Активно граѓанско учество преку употреба на нови технологии |
|
|
|
| 10.11.2009 |
|
Проектот има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на институциите на системот, преку нивното отворање за процесите на активно граѓанско учество, што ќе доведе до зголемување на внатрешната кохезија на македонското општество и забрзување на неговата интеграција во ЕУ. Проектот ќе се фокусира на градењето на локалните капацитети за формирање на партнерства и мрежи за имплементирање на вредностите на активното граѓанско учество, преку обуки првенствено насочени кон невладините организации и потенцијалните граѓани активисти. Овие активности ќе се вршат во соработка со општинскиот персонал во општините каде што има политичка волја за обезбедување услови за активно граѓанско учество, и ќе се фокусираат на обезбедување на вештини за лобирање и застапување на невладините организации во општините каде што администрацијата нема интерес за партиципативна демократија. Цел на проектот: Целта на проектот е зголемување на капацитетот на локалните невладини организации да им служат на нивните заедници во областа на активно граѓанско учество преку користење на нови технологии. Специфични цели на проектот се:
|