| Белгиски суд ја поддржа лиценцата Криејтив комонс |
|
|
|
| 05.11.2010 |
|
Локалниот суд во Нивел, Белгија со одлуката донесена на 26 октомври 2010 г. ја потврди валидноста на лиценцата Криејтив комонс во случај на кршење на авторските права кога музичка група ја објави својата музика под лиценцата Криејтив Комонс Наведи Извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови. Во овој случај еден театар ја адаптирал музиката објавена од бендот за да направи реклама за својата театарска сезона. Рекламата била емитувана на националната радио станица неколку пати (без да се наведе изворот). Бендот ја одбил отштетата од 1.500 евра предложена од театарот и одлучил да тужи за прекршување на авторските права. Во својата одлука, судот ја признал лиценцата Криејтив комонс како валидна нерестриктивна лиценца за авторски права што веќе е прифатена од холандските, шпанските и американските судови. Во судската одлука исто така било наведено дека условите на лиценцата биле прекршени со тоа што не биле наведени творците на песната и истата била искористена за комерцијални цели, што е забрането со употребената Криејтив комонс лиценца. Отштета од 4.500 евра беше пресудата на судот во полза на тужителите.
|