| Фејсбук исклучува профили на групи со активисти |
|
|
|
| 05.05.2011 |
|
Фејсбук тукушто избриша околу 50 профили на групи со активисти и сметки на корисници од Обединетото Кралство, без какво било претходно известување до сопствениците на сметките. Иако причините не се баш јасни, можното објаснување е дека соодветните групи технички ги прекршиле условите за користење на Фејсбук, користејќи „профил“ наместо „страница“, исто така постојат сомневања дека Фејсбук можеби постапувал по претставка за спроведување на законот и чистката може да се поврзе и со пошироката акција за „задушување“ на протестите спроведена од страна на властите во Обединетото Кралство. Во секој случај, постапката на Фејсбук е дискутабилна, особено бидејќи исклучувањата се вршени без претходно известување. Фејсбук има значително влијание врз политичката активност и говор. Членот на ЕДРИ Open Rights Group бара од Фејсбук одговорно да ја исправи ситуацијата контактирајќи со корисниците на избришаните сметки и соработувајќи со нив при префрлањето на нивните контакти и останати информации во форматот којшто Фејсбук го смета за соодветен за враќање на суспендираните страници (со техничките промени како што се додавање на URL-адреси на организациите), да создаде систем за известување наместо директно да ги брише сметките и да воспостави процес за мигрирање од „профил“ кон „страница“. „Фејсбук“ реагираше и во последно време извести повеќе сопственици на профили околу миграцијата на нивниот профил кон страница, бидејќи таков процес постои. Но, идејата е дека треба да можеме да ги разбереме ризиците од користење на такви моќни платформи како што е Фејсбук и дека недостигот од алтернативи само ќе доведе до зголемување на нивната моќност и до постепено ограничување на нашата автономија и моќ. Решението би било да се користат само-хостирани платформи со отворен код со цел да се избегне потпирањето врз корпоративните структури на моќ. Голем број на луѓе од групите чиишто сметки беа избришани тукушто се регистрираа на експерименталната друштвена платформа Diaspora. Diaspora, исто како и другите друштвени платформи со отворен код има функција на мрежа од независни опслужувачи (сервери) при што секој опслужувач хостира одреден број корисници коишто можат да ги менуваат опслужувачите и да разговараат со луѓе што користат други опслужувачи. Иако е во своите почетоци, овој пристап може да резултира со децентрализирани платформи што ја штитат приватноста и се отпорни на цензура. Извор: ЕДРИ-грам „Facebook takes down activist groups' profiles“ бр. 9.9, 4 мај, 2011. |