| Награди Big Brother: Италија 2011 |
|
|
|
| 27.06.2011 |
|
Добитниците на наградите Big Brother Италија 2011 беа прогласени во јуни 2011 г., во Фиренца, по повод Конференцијата за е-приватност 2011. Фејсбук беше „ѕвезда“ на доделувањето на наградите, номиниран за повеќе категории и ја освои наградата за „Најинвазивна технологија“. Наградата „Поплаки на народот“ не беше доделена годинава, бидејќи гласовите беа еднакво поделени меѓу Телеком Италија, Фејсбук и Министерството за внатрешни работи. Наградата „Најлоша приватна агенција“ ја поделија Фејсбук и Сони ентертејнмент системс кои добија еднаков број гласови. PEC и CEC-PAC (сертифицирана електронска пошта) како задолжителна и законска обврска, ја добија наградата за „Најлоша државна агенција“ како најштетни за приватноста на луѓето. Позитивната награда „Винстон Смит – херој за приватност“ ја доби Стефано Родота за неговата работа на законодавниот предлог за промена на член 21 од Уставот. Извор: ЕДРИ-грам „Big Brother Awards Italy 2011“ бр. 9.12, 15 јуни, 2011. |