Македонски
Почетна ИКТ Вести ЕДРИ Германски орган за заштита на податоци бара отстранување на Фејсбук копчето „ми се допаѓа“
Германски орган за заштита на податоци бара отстранување на Фејсбук копчето „ми се допаѓа“ PDF Печати Е-пошта
07.09.2011
Тило Вајхарт, германскиот комесар за заштита на податоци од Независниот центар за заштита на приватноста (ULD) – Органот за заштита на податоците (DPA) од државата Шлезвиг-Холштајн, на 19 август, 2011 г. ги повика сопствениците на веб-сајтовите во северната германска држава да ги отстранат Фејсбук копчињата „ми се допаѓа“ до крајот на септември 2011 г., во спротивно би се соочиле со парична казна.

Вајхарт изјави дека, според темелната правна и техничка анализа извршена од ULD, кога луѓето го користат копчето „ми се допаѓа“ на страниците на Фејсбук, сообраќајот и содржината на податоците се пренесува на серверите на Фејсбук во САД. „Секој што го посетува facebook.com или користи плагин мора да очекува дека тој или таа ќе биде следен од компанијата во следните две години. Фејсбук создава широк поединец, а за членовите дури и персонализиран профил, изјави Вајхарт. ULD смета дека со таквото профилирање се прекршува германскиот и европскиот закон за заштита на податоци.

Во овој случај, доколку сопствениците на веб-сајтовите во конкретната германска држава не го почитуваат барањето, ULD, по извршување на сослушување и управна постапка, може да достави формален приговор, налог за забрана како и казна што може да достигне до 50.000 евра.

„Ние категорично го отфрламе секое тврдење дека Фејсбук не работи во согласност со стандардите на ЕУ за заштита на податоците. Фејсбук копчето „ми се допаѓа“ е толку популарна функција, бидејќи луѓето имаат целосна контрола врз тоа како нивните информации се споделуваат преку неа“ стои во изјавата на портпаролот на Фејсбук Андреј Нојс. Фејсбук призна дека копчето „ми се допаѓа“ може да пренесува информации како што се кориснички IP-адреси, но соопшти дека податоците се бришат по 90 дена согласно стандардите за таа индустрија.

Поради своите строги политики за приватност на интернет, Германија во последно време имаше неколку проблеми со Фејсбук. Германските органи за заштита на податоци исто така изјавија дека новата функција на Фејсбук за препознавање на лица е незаконска и побараа да ја отстрани и да ги избрише сите поврзани информации. Тие исто така побараа корисниците на мрежата да добијат поголема контрола врз нивните е-адресари во алатката „Пронајди пријатели“.


Извор: ЕДРИ-грам „German DPA asks for the removal of Facebook "like" button“ бр. 9.16, 24 август.

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5