Македонски
Почетна ИКТ Вести ЕДРИ Дистрибуција на аудиовизуелни дела преку интернет: одговорот на ЕДРИ до ЕК
Дистрибуција на аудиовизуелни дела преку интернет: одговорот на ЕДРИ до ЕК PDF Печати Е-пошта
29.11.2011
Приспособувањето на европската политика кон дигиталната средина ќе и овозможи пристап на аудиовизуелната индустрија до уште поширока публика и ќе им даде на потрошувачите поголем пристап до културните дела.

Тоа е можност да се предефинира едноставна и усогласена рамка и шанса да се создаде единствен дигитален пазар.

Што создава пречки за постигнување на оваа цел? Кои интереси треба да се земат предвид? Што треба носителот на политики на ЕУ да направи за да понуди задоволителна околина за сопствениците на правата и потрошувачите?

Политиката на ЕУ мора да биде насочена кон корисниците, иновациите и творењето. Сегашната рамка не ги зема предвид сите тие аспекти и не успева да ја најде соодветната рамнотежа меѓу интересите.

Еден од суштинските аспекти е пристапот до културата. Тековниот поделен пазар, особено од аспект на авторските права, создава бариери кои ги спречуваат граѓаните на ЕУ да пристапуваат, да ги користат и да уживаат во културните содржини како што се аудиовизуелните дела. Денес, потрошувачите го сметаат тековниот закон за авторски права за нелегитимен, што го објаснува нивото на прекршоци. Сегашниот систем не само што не е насочен кон потрошувачите, туку има и негативна економска страна и всушност го спречува развојот на нова технологија. Неговата строга примена на авторските права, како и неоправданите и неефикасни репресивни мерки се контрапродуктивни.

Постојат бројни начини за подобрување на актуелната еко-средина, без да се изостават какви било интереси: усогласување на тековната рамка, минимизирање на сложеноста и отпадот создаден од посредници, микро-плаќања, овозможување развој на законски платформи за пристап, споделување и стриминг на аудиовизуелни содржини, прекугранично лиценцирање.

Создавањето на дигитален единствен пазар не треба да се поткопува со заложбите да се создаваат повеќе ограничувања за користењето на содржини, како што е ограничувањето на исклучоците и ограничувањата за авторските права. Еднаков пристап до културата треба да им се овозможи и на лицата со хендикеп и продолжувањето на авторските права треба да биде задолжително за таа намена.

Дигиталната околина нуди нови перспективи и нови можности за индустриите и за граѓаните и тие можности ЕУ мора да ги прифати. Вистинската рамнотежа меѓу економските и општествените цели, интересите на креаторите и потрошувачите може да се најде без поставување на интересите на едните над интересите на другите. Со порепресивно спроведување ќе постои ризик правната рамка да стане уште повеќе нелегитимна. Она што и треба на ЕУ е јасна, едноставна и усогласена рамка.

Извор: ЕДРИ-грам „Online Distribution of Audiovisual Works: EDRi's answer to the EC“ 16 ноември, 2011.

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5