| Видео средба |
|
|
|
| 20.01.2010 |
|
На 15 јануари 2010 година беше реализирана првата видео средба меѓу деца - ученици од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес и ОУ „Ст. Јован“ Ливеро, Долна Нормандија - Франција. Оваа средба е организирана на самиот почеток на имплементацијата на програмата за поддршка на децентрализацијата во Македонија од регинот Долна Нормандија - Франција. Видео средбата ја организираа Фондацијата ФОКУС од Велес и Јавниот дигитален клуб од Ливеро. Извор: focus.org.mk „Видео средба“ 18 јануари, 2010. |