| Одржана Шестата меѓународна конференција е-Општество.Мк 2010 |
|
|
|
| 02.12.2010 |
Заврши шестата по ред меѓународна конференција е-Општество.Мк на тема „е-Влада за зголемена ефикасност и транспарентност“. Конференцијата се фокусираше на улогата на системите за е-влада за зголемување на ефикасноста и транспарентноста на јавната администрација. На конференцијата учествуваа околу 200 учесници од земјата и странство, претставници на релевантните владини тела, како и претставници на граѓанскиот и деловниот сектор. Излагања имаа 16 домашни и 3 странски претставници во рамките на 3 работни сесии, при што после секоја следуваше активна дискусија.По сесиите следуваше тркалезна маса на тема „Мултисекторска соработка како клуч за успешно спроведување на е-влада“. По двочасовната дискусија на тркалезната маса која ја затвори директорот на фондацијата Метаморфозис, г. Бардил Јашари, конференцијата беше официјално завршена. Повеќе информации, како и презентациите, заедно со видео излагањата на говорниците ќе бидат објавени наскоро на официјалниот веб-сајт на конференцијата. Во меѓувреме, дел од атмосферата на конференцијата можете да почувствувате преку фотографиите поставени на фликр, како и од пораките кои во живо масовно се испраќаа преку твитер.
|