| Чекајќи го новиот ДВД формат |
|
|
|
| 06.10.2003 |
|
Денес ДВД-та се широко прифатени од народните маси. Цените на ДВД плеерите секојдневно се намалуваат, се прилагодуваат на барањата на потрошувачите.
Денес ДВД-та се широко прифатени од народните маси. Цените на ДВД плеерите секојдневно се намалуваат, се прилагодуваат на барањата на потрошувачите. Во моментов, кога ДВД-та се стари 7 години, се поставуваат прашањата: Одговорот е ХД-ДВД (high-definition DVD). Овие ДВД-а со висок капацитет можат да ги користат предностите на подобрената резолуција на ХДТ(high-definition television). Се очекува следната генерација ДВД да користи син ласер, кој има пократка бранова должина од црвениот, кој сега се користи во ДВД плеерите. Тоа значи дека повеќе податоци може да се спакуваат во ист простор. Денешниот ДВД може да складира околу 4.7 GB на податоци, додека од ХД-ДВД со син ласер, се очекува да складира околу 30 GB. За жал, на патот кон ХД-ДВД се наиде на пречка. Големите компании за електронски производи за широка потрошувачка се расправаат околу тоа кој треба да биде стандардот за новите дискови. Два табора, едниот воден од Matsushita, Philips и Hitachi, и другиот од Toshiba и NEC, се борат за две главни прашања: чија технологија да биде употребена и колкав да биде капацитетот на дискот. Оваа состојба не е нова. Се до 1995 г. постоеја два стандарда за првата генерација на ДВД-а. Но, индустријата ги отстрани разликите и постави еден стандард. Можеби се очекуваше големиот успех на ДВД форматот да биде доволен фактор за да ги забрза одлуките околу моменталните расправии за ХД-ДВД, но досега без успех. Сепак корисниците може да очекуваат ХД-ДВД за неколку месеци. Компанијата Microsoft може да понуди решение. Таа има намери да создаде Windows Media Video 9 стандард за ХД-ДВД. Компанијата поднесе апликација за Windows Media Video до СМПТЕ(Society of Motion Picture Television Engineers) како кандидат за избор на стандард, и се надева дека ќе успее MPEG-2стандардот, кој и сега користен во ДВД форматот. Можеби знаете дека Artisan во мај годинава издаде Екстремна едиција на филмот Терминатор 2, сочинета од два диска: еден наменет за обичен ДВД плеер и друг со екстремно висока резолуција на филмот, кодиран во Windows Media Video формат, наменет само за компјутер со Windows Media Video Player 9, со доволно брз процесор и добра видео картичка. Microsoft сакаше да ги претстави можностите на својот нов формат и да ја презентира неговата способност за ХД-ДВД. Но она што е посебно интересно во врска со Windows Media Video како ХД-формат е всушност тоа што тој не бара диск со повисок капацитет-сите податоци со висока резолуција може да се збијат на диск што може да биде прочитан на постоечки ДВД плеер. Се што е потребно е некој да креира обичен ДВД плеер кој ќе може да го декодира Windows Media Video форматот. Samsung изјавија дека ќе лансираат таков до Јануари 2004, години пред било кој да помисли дека ХД-ДВД ке се појават на пазарот. Останува да видиме дали ќе се појават повеќе филмови како Терминатор 2. Како и да е, ова е ветувачки почеток. Овој чекор на Microsoft треба да служи како поттик за останатите компании за електронски производи за широка потрошувачка. |