Македонски
Почетна ИКТ Вести Свет Калифорнија воведува дигитални учебници за да ги намали трошоците за образовниот систем
Калифорнија воведува дигитални учебници за да ги намали трошоците за образовниот систем PDF Печати Е-пошта
15.06.2009

Гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер и државниот одбор за образование најавија започнување на иницијативата за замена на школските учебници со дигитални учебници.

Со проектот наречен „Иницијатива за бесплатни дигитални учебници“ Калифорнија настојува да ги намали трошоците поради огромната дупка во буџетот. Со оваа мерка „застарените“ учебници по математика и природни науки во текот на годината ќе бидат заменети со нивни дигитални верзии.

Денес децата, како што знаете, се навикнати на дигитално слушање музика, гледање телевизија и филмови преку интернет, користење на Твитер и дружење преку Фејсбук, изјави гувернерот Шварценегер. „Затоа е важно да направиме соодветен чекор кога станува збор и за учебниците. Тие се прескокнати и што се однесува до мене нема причина нашите ученици и понатаму да влечат стари, тешки и скапи книги. Во Калифорнија ја имаме „Силициумската долина“ и сме светски лидер во технологијата и иновациите, па веројатно можеме да понудиме подобро решение од овие книги“.

Шварценегер тврди дека Калифорнија е првата американска сојузна држава која ќе воведе дигитални учебници што ќе може бесплатно да се преземаат од интернет. Планот се појави во рамки на настојувањата да се намали буџетскиот дефицит од околу 24 милијарди долари и се очекува дека ќе донесе заштеди во вредност од 300 до 400 милиони долари. Шварценегер смета дека заштедите веројатно би биле уште поголеми доколку се опфати уште поголем број на училишни предмети. „Знам дека ова е драматична промена и дека ќе има отпор, но сметам дека нема смисла да се одржува состојбата непроменета, затоа што во моментот минуваме низ најголемата економска и финансиска криза уште од големата депресија. Државата нема пари и принудени сме да ги намалуваме дури и средствата наменети за училиштата, а станува збор за милијарди долари, така што немаме друг избор освен да бараме и невообичаени решенија“.

Извор: B92 „Kalifornijske škole prelaze na digitalne udžbenike“ 11 јуни, 2009.

Владата ќе го дигитализира образованието (21.01.2009)

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5