Македонски
Почетна ИКТ Вести Свет Финска: Повеќе од сто училишта користат софтвер со отворен код
Финска: Повеќе од сто училишта користат софтвер со отворен код PDF Печати Е-пошта
13.05.2010
Повеќе од сто училишта низ Финска користат софтвер со отворен код на сите нивни десктоп компјутери, тврди Opinsys, давател на услуги од областа на софтверот со отворен код.

Компанијата им помага на деведесет училишта во 28 општини во одржувањето на персоналните компјутери и преносните компјутери со оперативен систем Убунту Линукс. Десетици други училишта користат слични компјутери, вели Мико Сојкели, директорот за продажба во компанијата.

Според презентацијата од минатиот месец на едно од училиштата што користат Убунту, трошоците за еден персонален компјутер или лаптоп со Линукс, вклучувајќи го и одржувањето, изнесуваат околу 282 евра годишно. „Оваа инфраструктура лесно се проширува, сигурна е, стабилна и лесна за користење“, вели Ален Шнајц, наставник во училиштето Касавиори. „Со овој систем се овозможува користење на половни компјутери кои се стари четири до пет години“.

Според втората студија на случај за училишните компјутери со Линукс, спроведена од страна на Ристо Ронберг за градот Јиваскила, годишните трошоци изнесуваат 153 евра по компјутер.

Онлајн училишта

Училиштето Касавурен во Кониајнен минатиот месец беше домаќин на конференција околу неговата употреба на информатичката технологија. Освен Убунту Линукс, училиштето користи различни веб-базирани апликации со отворен код, кои се интегрирани со базата на податоци на училиштето и други системи, како на пример Moodle и wiki. Училиштето исто така го користи бесплатниот веб-базиран канцелариски пакет програми на Google. Софтверот со отворен код OpenLDAP се користи за да се обезбеди автентикација и пристап до компјутерски услуги.

„Со овие алатки учениците можат да соработуваат во реално време, а сервисите им се исто така достапни и од нивниот дом преку интернет“, објаснува Шнајц во извештајот објавен на веб-сајтот на компанијата.

Пред две години, компанијата започна да им помага на три училишта во Кониајнен, општина западно од Хелсинки, кои сакаа да го заменат заштитениот, комерцијален софтвер во нивните десктоп компјутери - со софтвер со отворен код. Во трите училишта во Кониајнен, на пример, бројот на компјутери со софтвер со отворен код се зголеми од 120 на речиси 600. „Ние сега одржуваме илјадници тин клиенти со Убунту и неколку стотици лаптопи кои работат на Убунту“.

Извор: OSOR.eu "FI: Over a hundred schools using open source" 13 мај, 2010.

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5