| Џоичи Ито именуван за нов директор на Media Lab |
|
|
|
| 26.04.2011 |
|
Џоичи „Џои“ Ито e именуван за нов директор на MIT Media Lab. Ито ќе биде четвртиот директор на Media Lab, основана во 1985 година и ќе ја преземе директорската позиција од Френклин Х. Мос, кој беше директор во изминатите пет години. И покрај тоа што студирал на два универзитети (Универзитетот Тафтс и Универзитетот во Чикаго) Ито нема факултетска диплома. Студирал информатика на Тафтс и физика на Универзитетот во Чикаго, но ги напуштил студиите.Ито има држено клучни лидерски позиции во интернет организации, како што се Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN) и организацијата Криејтив комонс. Преку финансирање и поддршка за голем број проблеми, тој се етаблираше како голем поборник за слободата и приватноста на интернет. Тој е исто така член на бордот на директори на Фондацијата Мозила, на WITNESS (организација за човекови права) и член на Глобал Војсис (блогерска мрежа што се фокусира на слободата на говорот). |