Македонски
Почетна ИКТ Вести Свет Романија: Софтверот со отворен код се препорачува секаде каде што е соодветно
Романија: Софтверот со отворен код се препорачува секаде каде што е соодветно PDF Печати Е-пошта
25.05.2011
На јавната администрација во Романија и се препорачува да користи слободен софтвер со отворен код секаде каде што тоа е соодветно, изјави романскиот министер за комуникации и информатичко општество, Валеријан Време, на конференцијата во Букурешт пред единаесет дена.

Министерот рече дека не поддржува законодавство со кое ќе се направи властите да го користат исклучиво овој вид на софтвер.

„Препорачувам државните органи да користат системи со слободен софтвер со отворен код како што е Линукс, кога една зрела процена ќе покаже дека тоа е правилното решение“.

Според веста објавена на сајтот на економскиот неделник Капитал, Време изјавил дека тој „никогаш нема да поддржи закон со кој се бара од романските институции да користат софтвер со отворен код. Задачата на Министерството е да ги презентира предностите и слабостите на производите и нивните алтернативи“.

Министерот ги повика романските даватели на ИТ услуги базирани на слободен софтвер со отворен код да изработат проекти релевантни за јавните администрации на располагање во Националната библиотека за апликации (Bibiloteca Nationalа de Programe) складиштето за софтвер хостирано од владиниот Институт за информатика (ICI).

Министерот за ИКТ вети поддршка за организаторите на конференции за Линукс и друг слободен софтвер со отворен код.

Конференцијата во Букурешт ја организираше Агора, романска агенција за ИТ вести. Според Ромулус Мајер, партнер на фирмата, на конференцијата присуствувале околу осумдесет учесници.

Извор: OSOR.eu "RO: Minister: 'Open source recommended wherever appropriate' 24 мај, 2011.

Тагови: Романија
 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5