| Новaта лоби-група Комунија во Брисел работи за посилен јавен домен |
|
|
|
| 24.06.2011 |
|
Неделава во Брисел беше формирано ново здружение со мисија за промоција на дигиталниот јавен домен. Здружението се формира како одговор на силното лобирање за поголема заштита на авторските права. Групата Комунија ќе се фокусира на активности од областа на истражување и застапување, според Мелани Дулонг од Францускиот национален центар за научни истражувања (CNRS), партнер на Истражувачкиот центар за административни науки (CERSA), еден од основачките членови на Комунија. Лобирањето од овој аспект е важно бидејќи има многу голем притисок за порестриктивен систем на авторски права, поголема контрола и системи со три предупредувања, изјави Дулонг. Трите предупредувања се однесуваат на зачестената практика за исклучување од интернет на лице кое наводно три пати прекршило авторски права. На отворањето на 16 јуни, членовите на Комунија ги промовираа 14-те начела за заштита и промоција на јавниот домен, за предупредување против се подолгите периоди за автоматска заштита на авторските права (до 90 години), за санкционирање на „секој лажен обид за присвојување на материјал од јавниот домен“ и за целосна заштита на авторските права само на регистрираните авторски дела. Тие исто така повикуваат на усогласување на исклучоците и ограничувањата за авторските права, пан-европскиот систем што овозможува целосен пристап до дела-сирачиња (за кои сопственикот на авторските права не може да се најде), олеснување на пристапот до авторските дела за образование и истражувачки цели и зајакнување на јавно финансираните и културни организации преку обезбедување дека информациите им се достапни на сите. Основањето на Комунија е резултат на работата на проектот финансиран од ЕУ, започнат во 2007г. којшто собра околу 50 партнери од институции за истражување и застапување и библиотеки. Партнерите, од кои голем дел се исто така активни како партнери на Криејтив комонс, одлучија по завршувањето на јавното финансирање од ЕУ, дека секогаш ќе има потреба од вакви активности. Список со членови на мрежата Комунија. Повеќе информации за мрежата Комунија. Извор: ip-watch "New Brussels Lobbying Group Communia Works For A Stronger Public Domain" 13 јуни, 2011. |