Македонски
Почетна ИКТ Вести Свет Германија: проширен веб-сајтот на Тренинг центарот за слободен софтвер
Германија: проширен веб-сајтот на Тренинг центарот за слободен софтвер PDF Печати Е-пошта
17.08.2011
Веб-сајтот на Тренинг центарот за софтвер со отворен код - платформата за размена на информации и искуства помеѓу ИТ-експерти на национално ниво, се прошири во рамките на Програмата за ИТ-инвестиции.

Тренинг центарот за софтвер со отворен код (CC OSS) на Сојузната канцеларија за информатичка технологија (Bundesstelle für Informationstechnik - BIT) при Сојузната канцеларија за администрација го промовира користењето на софтверот со отворен код во јавната администрација. Советодавниот сервис беше проширен во рамките на Програмата за ИТ-инвестиции. Веб-сајтот исто така обезбедува можност другите органи да разменуваат информации за производи и разни искуства. Веб-сајтот на Тренинг центарот (www.oss.bund.de) служи како платформа за мрежата на експерти што произлегуваат од центарот.

Низ Германија, властите го користат веб-сајтот на Тренинг центарот како главен извор на информации за употребата на софтверот со отворен код и за размена на искуства. Заинтересираните институции на веб-сајтот можат да објавуваат, пребаруваат и разгледуваат сценарија на апликации и описи на производи.

Сега се објавени повеќе од 25 различни сценарија од преку 20 институции со помош на веб-сајтот. Покрај тоа, регистрирани се повеќе од 60 описи на производи, најмногу од ИТ-експерти од институциите, како и од заедниците за софтвер со отворен код кои редовно ги ажурираат. Последните вести, настани и информации за правните аспекти ги комплетираат услугите што се нудат. На овој начин, веб-сајтот гради платформа за сè поголемата мрежа од експерти за софтвер со отворен код на национално ниво.

Многубројните функционалности (Веб 2.0) на веб-сајтот CC OSS овозможуваат ефикасно управување со содржините од страна на експертите, директно регистрирани преку интернет-прелистувачот. Заинтересираните експерти може да останат информирани за следните содржини претплатувајќи се на РСС-канали или да дискутираат за актуелни прашања со останатите експерти во форумот на веб-сајтот. Самиот веб-сајт се базира на софтвер со отворен код: неговата техничка основа е производот базиран на софтвер со отворен код - Друпал, кој се користи за објавување и управување со содржините.

Веб-сајтот е финансиран од Програмата за ИТ-инвестиции во рамки на „Законот за обезбедување вработување и стабилност во Германија“ (2009-2011). Со веб-сајтот раководи Сојузната канцеларија за информатичка технологија при Сојузната канцеларија за администрација и исто така ќе биде достапен за органите по истекот на периодот на важност на програмата.

Извор: OSOR.eu "DE: OSS Competence Centre website expanded" 17 август, 2011.

Тагови: Германија
 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5