| Сомневања околу валидноста на забраната за софтвер со отворен код од страна на романското МВР |
|
|
|
| 23.08.2011 |
|
Експертите за набавки меѓу кои и набавки на софтвер со отворен код се сомневаат во валидноста на тендерот објавен од страна на романското министерство за внатрешни работи во јули, во кој се забрануваат решенија базирани на софтвер со отворен код. Оправдувањето од министерството за забраната „се чини чудно и неубедливо и се прашувам дали ќе истрае на суд“ коментира на пр. Метју Папст, специјалист за софтвер со отворен код и за набавки на софтвер во холандскиот универзитет Гронинген. „Забраната на министерството може да значи недостаток на разбирање на софтверот со отворен код“ колебливо претпоставува Патрис-Емануел Шмиц, специјалист од Брисел за лиценците на ЕУ за софтверот со отворен код, EUPL, вработен во ИТ фирмата Unisys. „Тоа е многу изненадувачка забрана“. Министерството бара градители на ИТ систем за управување со криминалните досиеја на земјата. Министерството одвои 2,85 милиони евра за овој нов информатички систем за романски криминални досиеја (Rocris). Еден од условите за Rocris е дека „софтверот не треба да биде објавен под лиценца за слободен софтвер - GPL и сл.“ Коментирајќи во врска со оваа забрана, министерството во теков на овој месец ги наведе строгите услови за безбедност и интероперабилност. Изговорот е загатка за Шмиц. Едно можно објаснување за забраната е тоа што министерството смета дека софтверот со отворен код е ризик за чувствителните информации што ќе ги содржи системот. Ако е така, тоа значи дека министерството не го согледува доволно добро вистинскиот ризик“. Извор: OSOR.eu „Doubts over validity of Romanian ministry's banning of open source“ 23 август, 2011. |