| ЕУ официјално го запленува јавниот домен продолжувајќи ја ретроактивно важноста на авторските права |
|
|
|
| 13.09.2011 |
|
Како што за жал се очекуваше и иако нема докази дека тоа воопшто има економска смисла, земјите-членки на ЕУ се согласија ретроактивно да го продолжат периодот на важност на авторските права за уште 20 години, а и тогаш може да се очекува истиот да биде повторно продолжен. Ова всушност претставува запленување на дела од јавниот домен од страна на владите и индустријата за забава. Целта на законот за авторски права е да поттикне создавање на нови дела. Ако постојниот закон за авторски права беше доволен за поттикнување на создавањето во тоа време, тогаш едноставно нема причина за ретроактивно продолжување на законот. Овој предлог, за којшто различни студии покажаа дека нема да придонесе многу за да им помогне на креаторите на содржини, веќе долго време го туркаат издавачките куќи. Беше блокиран во Европа некое време, но од непознати причини, Данска неодамна се премисли, на тој начин овозможувајќи да се запленува материјал од јавноста. Особено е жално што ова следува само неколку месеци по извештајот Харгрејвс, кој експлицитно укажува дека толку многу политика е направена без докази – и продолжувањето на периодот на важност на авторските права е совршен пример за тоа. Граѓани на ЕУ: вашите политичари тукушто ве продадоа на дискографските куќи, одземајќи ви содржини кои законски беа ваши, но повеќе не се. Извор: Techdirt.com "EU Officially Seizes The Public Domain, Retroactively Extends Copyright" 8 септември, 2011. |