| Србија: 92% од младите корисници на интернет се на Фејсбук или Твитер |
|
|
|
| 14.09.2011 |
|
Државниот завод за статистика објави извештај за Употребата на информатичко-комуникациски технологии во Република Србија за 2011 година. Корисниците на Твитер дискутираат за извештајот под хаштагот #ICTSrbija. Дискусијата на Твитер ја иницираше Слободан Марковиќ (smarkovic), кој издвои неколку клучни наоди:
Марко Лазаревиќ (havijer) го истакна следниот податок: Процент на денот - 91,8% од [младата] популација на iнтернет [на возраст од 16 до 24 години] има профил на Фејсбук или Твитер… Според извештајот за Србија 52,1% од домаќинствата поседуваат компјутер, 41,2% од домаќинствата имаат приклучок на Интернет, а Интернет во последните три месеци пред анкетата користеле 42,2% од населението или 2,4 милиони луѓе, од кои 1,9 милион секојдневно. 69,8% од сите корисници изјавиле дека користат социјални мрежи, а 45,5% дека ја консултираат Википедија. |