Македонски
Почетна ИКТ Вести Свет Полска: владината употреба на неслободен софтвер го ограничува користењето на слободен софтвер од страна на локалната администрација
Полска: владината употреба на неслободен софтвер го ограничува користењето на слободен софтвер од страна на локалната администрација PDF Печати Е-пошта
18.10.2011
Полската влада користи комерцијални формати и им отежнува на јавните администрации да се ослободат од ограничувањето со неслободен софтвер.

Владата се потпира на комерцијални решенија за финансиско известување, попречувајќи го, на пр. потегот на општината Голениов за постепено зголемување на употребата на слободниот софтвер, вели Дарек Пржибилски, мрежен администратор на општината – град на околу четириесет километри источно од границата меѓу Германија и Полска. Пржибилски зборуваше за миграцијата кон слободен софтвер во Голениов на конференцијата за компјутери во локалната власт одржана во Заходниопоморски одржана на 15 и 16 септември во Мјеџивоџи на балтичкиот брег.

„Советниците во Голениов претпочитаат да го користат буџетот за реновирање на тротоари и поправање дупки по улиците, наместо за трошоци за информатичка технологија. Користењето на слободен софтвер ми овозможува да им понудам професионални ИТ алатки и се спречува користењето на нелиценцирани апликации“. Со користењето на овој тип на софтвер речиси е непотребно управувањето со софтверски лиценци, бидејќи лиценцата дозволува да се користат неограничен број копии.

ОпенОфис се користи како стандарден канцелариски пакет на сите 105 работни станици што ги користи јавната администрација. Четири од пет сервери во Голениов работат на Дебијан ГНУ/Линукс и Мандрива ГНУ/Линукс за да обезбедат е-пошта, пристап до датотеки и безбеден пристап до сите системи. Други алатки базирани на слободен софтвер што ги користат државните службеници во Голениов спаѓаат MySQL, системот за управување со содржини Вордпрес, алатката за уредување слики Гимп, интернет-прелистувачот Фајрфокс, клиентот за е-пошта Тандербрд и алатката за компресија на датотеки 7-Зип.

Во последните неколку години, Пржибилски специјализираше во изградба на сервер за единствено управување со опасности со користење на алатки вклучени во дистрибуцијата Дебијан Линукс. Овие сервери на корисниците им нудат далечински пристап до ИТ системи, истовремено спречувајќи обиди за упади.

Извор: OSOR.eu „PL: 'Government use of proprietary software locks-in local administrations“ 18 октомври, 2011.



Поврзани написи:

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5