Македонски
Почетна ИКТ Вести Свет Британскиот оддел за работа и пензии ќе тестира десктоп-компјутери со слободен софтвер
Британскиот оддел за работа и пензии ќе тестира десктоп-компјутери со слободен софтвер PDF Печати Е-пошта
19.12.2011
Британскиот оддел за работа и пензии (DWP) ќе започне со мал пилот-проект со слободен софтвер на илјада десктоп-компјутери во текот на следните дванаесет месеци, изјави портпарол на DWP.

Портпаролот не можеше да даде повеќе информации во врска со видот на слободен софтвер кој ќе се земе предвид. Секторот работи со околу 150.000 компјутери.

Веб-сајтот за ИТ-вести Computer Weekly извести за пилот-проектот на 1 декември. Го цитираше Мајк Трурен, директор за испорака на клиенти на одделот, кој го најави тестирањето со слободен софтвер за време на говорот на една конференција. Трурен објасни дека DWP сè уште не извршиле миграција кон слободен софтвер на десктоп-компјутерите бидејќи одделот значително се потпирал на комерцијални апликации за бази на податоци и табеларни пресметки. „Ако пилот-проектот се покаже како успешен, ќе извршиме поширока примена“.

Според Computer Weekly, Трурен смета дека ако DWP може да работи со апликации базирани на слободен софтвер, другите британски владини институции нема да можат така лесно да го игнорираат. Веб-сајтот го цитира Трурен: „Секогаш ќе има исклучоци, но ќе биде многу тешко другите оддели да не ни се приклучат“.

Пилот-проектот на DWP ќе биде едно од поголемите воведувања на слободен софтвер во Обединетото Кралство досега. Други примери за јавната администрација на Обединетото Кралство што го користи овој вид на софтвер во голема мера се; Transport for London – го користи Red Hat Linux за системот за плаќање за јавниот превоз. Вториот пример е полицијата, која го користи Linux за дел од своите бази на податоци. Трет пример е градскиот совет на градот Бристол. Тие на пр. го користат OpenOffice на сите свои 55.000 десктоп-компјутери и размислуваат да се префрлат на систем-опслужувач за е-пошта со слободен софтвер.

Извор: Joinup.ec „UK Department for Work and Pensions to test open source desktop“ 15 декември, 2011.



Поврзани написи:

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5