Македонски
Почетна ИКТ Вести Свет Стандардите за отворени документи задолжителни во унгарската влада
Стандардите за отворени документи задолжителни во унгарската влада PDF Печати Е-пошта
09.01.2012
Владините министри на 23 декември се согласија дека унгарската јавна администрација по правило ќе треба да користи стандарди за отворени документи за своите електронски документи, почнувајќи од април годинава, а сите јавни организации се поттикнуваат да се префрлат на канцелариски алатки базирани на слободен софтвер.

Унгарската влада во декември одлучи и да се откаже од финансирањето на лиценците за комерцијални канцелариски пакети за сите училишта.

Одлуката на министрите за отворени стандарди ја упатува јавната администрација да ги зачувува своите документи, табеларни пресметки и презентации само во стандардните формати прифатени од организациите за меѓународни стандарди. Од јавните администрации се бара да можат да примаат и да ракуваат со документите што им се испраќаат, а сите официјални документи мора да бидат достапни во отворен формат.

Освен Министерството за одбрана, сите министерства мора да ја завршат миграцијата кон користење отворени стандарди пред крајот на март, извести веб-сајтот за ИТ-вести HWSW во понеделникот. Вилмош Ваљи-Наги, заменик-државен секретар за ИТ, цитиран од веб-сајтот за ИТ-вести IT Cafe, објасни дека институциите биле известени за одлуката неколку месеци претходно и дека голем дел од нив веќе се подготвуваат за промените.

Според HWSW, владата сега препорачува јавните институции да се префрлат на канцелариски пакети базирани на слободен софтвер. Во спротивно, институтите ќе треба да ги наведат техничките и економски причини - зошто тие зависат од неслободните канцелариски алатки.

Извор: Joinup.eu „Open document standards mandatory in Hungary government“ 4 јануари, 2012.



Поврзани написи:

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5