Македонски
Почетна ИКТ Вести Свет Поранешниот германски министер за правда го поддржува повикот за отворени стандарди
Поранешниот германски министер за правда го поддржува повикот за отворени стандарди PDF Печати Е-пошта
01.02.2012
Германскиот парламентарец и поранешен државен министер за правда Брижит Циприс ги повикува институциите и компаниите да се пријават за годинешните Награди на Денот на слобода на документите. Наградата се доделува за исклучителен придонес во промовирањето на отворените стандарди.

Минатата година, наградата му беше доделена на германскиот град Минхен, затоа што покажа што може еден голем град да постигне со слободниот софтвер. Друг добитник на награда беше порталот за онлајн вести Tagesschau, затоа што сите свои видеозаписи ги направи достапни во отворениот формат Ogg Theora.

Оваа година, церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи на Денот на слобода на документите на 28 март.

Циприс, како член на Социјалдемократската партија (СДП), ја изразува својата поддршка за работата на Фондацијата слободен софтвер Европа во застапувањето за употребата на отворени стандарди“.

Отворените стандарди го спречуваат создавањето на монополи, вели пратеничката во своето соопштение. Отворените стандарди, како што се TCP/IP и HTML дозволуваат секој да го користи софтверот без какви било пречки.

Денот на слобода на документите е ден за поддршка на употребата на отворени стандарди, во организација на Фондацијата слободен софтвер Европа и многу други групи и волонтери низ светот.

Европски парламент

Како и минатата година, неколку членови на Европскиот парламент ја изразија својата поддршка за стандардите за отворени документи организирајќи серија од предавања. Оваа година европратениците Малика Бенараб - Ату, Сандрин Белие, Кристијан Енгстром и Џудит Саргентини (Партија на зелените/ЕФА) ќе бидат домаќини на конференција во Европскиот парламент, на која ќе учествуваат говорници од Европската комисија, Фондацијата слободен софтвер Европа, April - француската група за застапување за слободен софтвер – и други организации.

Номинации за овогодишните награди на Денот на слобода на документите може да се поднесуваат до среда, 1 февруари, 2012 г.

Извор: Joinup.eu „Former German Justice Minister supports call for open standards“ 30 јануари, 2012.

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5