Македонски
Почетна ИКТ Вести Свет Германските и швајцарските власти го обновија повикот за канцелариски пакети базирани на слободен софтвер со поддршка за OOXML
Германските и швајцарските власти го обновија повикот за канцелариски пакети базирани на слободен софтвер со поддршка за OOXML PDF Печати Е-пошта
14.02.2012

Група од јавни администрации, членови на деловниот сојуз за слободен софтвер и една трговска група го продолжија за еден месец рокот на нивното барање да се помогне во изградбата на поддршка за OOXML, форматот за документи на Мајкрософт, во канцелариските пакети базирани на слободен софтвер. Групата исто така го објави англискиот превод на своите спецификации за обновениот повик за тендер.


Групата е во потрага по поддршка за правилно вградување на фонтови и за поправки од аспект на форматирањето, вклучувајќи рамки, слики, табели, списоци и коментари.

Претходниот повик на трговската група беше објавен на 14 декември, заедно со спецификации на германски јазик. Тоа резултираше со само една понуда, објаснува Матијас Штурмер, портпарол на „Работната група за канцелариска интероперабилност“ на сојузот. „Претходно не успеавме да ги објавиме спецификациите на англиски јазик и тоа значеше помал одзив. Сега можеме да вршиме набавки на глобално ниво“.

Во спецификацијата, работната група објаснува дека бара подобрување на постојните филтри за увоз и извоз кои се користат за ракување со документи во OOXML формат во LibreOffice и OpenOffice. Тоа се два тесно поврзани канцелариски пакети базирани на слободен софтвер.

Во воведот на спецификацијата се вели: „се бара прагматичен пристап со кој, преку вршење конкретни корекции на филтерот OOXML и други софтверски компоненти во LibreOffice и OpenOffice како што е неопходно, ќе се обезбедува колку што е можно повистинска визуелизација на OOXML документите како што се појавуваат во Microsoft Office, верзии 2007 и 2010“.

Со овие подобрувања ќе им се олесни на јавните администрации да се префрлат на канцелариски пакети кои се независни од производителот и се базирани на слободен софтвер, тврди работната група. Групата организираше работилница во октомври минатата година, објаснувајќи дека јавните администрации кои веќе користат канцелариски пакети со слободен софтвер имаат потешкотии со форматот OOXML.

Работната група се надева дека ќе добие повеќе понуди пред 29 февруари. Тие сакаат да го објават крајното решение како слободен софтвер, користејќи ја лиценцата Apache, верзија 2. Исто така, имаат намера да го интегрираат во проектот LibreOffice.

Извор: Joinup.eu „German and Swiss authorities renew call OOXML support in free office suites“

Тагови: OOXML , OpenOffice , LibreOffice
 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5