Македонски
Почетна ИКТ Вести Свет Обединетото Кралство бара совети за дефинирање на отворените стандарди
Обединетото Кралство бара совети за дефинирање на отворените стандарди PDF Печати Е-пошта
17.02.2012
Владата на Обединетото Кралство бара совет за дефинирање на отворените стандарди во контекст на владината информатичка технологија.

Своите документи за консултации ги објави минатата среда на интернет. Консултациите следуваат по ноемвриското повлекување на политиката за ИТ набавки, која беше во сила од јануари 2011 година.

Консултацијата треба исто така да помогне да се разјасни какво влијание може да имаат задолжителните стандарди врз владините оддели, врз партнерите за испорака и синџирите за снабдување. Друга цел е да се добијат информации околу меѓународното усогласување и прекуграничната интероперабилност.

Во една изјава, министерот Френсис Мод рече: „Ние сме посветени на воведувањето на отворените стандарди и сакаме да создадеме поволна почва за слободниот и комерцијалниот софтвер. Отворените стандарди за софтвер и системи ќе ги намалат трошоците и ќе ни овозможат да обезбедиме подобри јавни услуги. Ние сакаме ова да го изведеме правилно; па сакаме да обезбедиме дека секој ќе има можност да го каже своето мислење за ова прашање“.

Во соопштението исто така се цитира Лијам Максвел, директор за ИКТ во владиниот кабинет: „Има многу издржани мислења на оваа тема, па апелирам до луѓето да ја искористат оваа можност и да ни кажат што мислат“.

Дефинирање на поимот „отворени“

Претходната дефиниција на отворените стандарди беше повлечена во ноември. Во својата укината „Забелешка за политики за набавки“ кабинетот напиша дека владините оддели треба „да применуваат отворени стандарди секаде каде што тоа е можно“. Како дел од нејзината дефиниција беше наведено дека тоа би значело дека интелектуалната сопственост треба да се направи „неотповикливо достапна без авторски надомест“.

Според извештаите од британскиот веб-сајт за ИТ вести Computer Weekly, забелешката за политики за набавка беше повлечена по спротивставувањата од продавачите на комерцијален софтвер и од три организации за стандардизација: британската, европската и меѓународната; BSI, CEN/Cenelec и ISO.

Тие стравуваат дека дефиницијата на Обединетото Кралство за отворените стандарди оневозможила т.н. стандарди Frand (фер, разумно и без дискриминација) да бидат дел од владините ИТ-решенија. Стандардите Frand може на пример да содржат услови со кои се бараат разумни цени за лиценците за комерцијалната технологија. Ова ќе биде пречка за апликациите базирани на слободен софтвер, освен ако програмерите организираат некаков начин за плаќање на авторскиот надомест.

Во новата консултација, владата се повикува на Европската рамка за интероперабилност (EIF) на Европската комисија. Од Кабинетот велат дека EIF не обезбедува дефиниција на отворените стандарди, но овозможува повеќе конкретни насоки, меѓу кои и тоа дека таквите услови треба да дозволат спроведување во слободниот софтвер.

Computer Weekly пишува дека Дејвид Бел, одговорен за надворешна политика во британската институција за стандарди, добил уверувања од директорот за ИКТ Максвел дека „политиката не е таква како што ја сфатиле BSI или нејзините меѓународни партнери“.

Извор: Joinup "United Kingdom seeking advice on open standards definition" 15 февруари, 2012.

 

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5