| Применета политика за приватност |
|
|
|
| 10.07.2007 |
|
Фондацијата Метаморфозис е посветена на заштита приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во овој документ за применета политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот на Фондацијата Метаморфозис (www.metamorphosis.org.mk), како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита. Основни одредби
Користење кукија Веб-сајтот на Метаморфозис користи кукија или колачиња (cookies) во следните случаи
Серверски логови За секој од веб-сајтовите на Фондацијата Метаморфозис соодветниот веб-хостинг провајдер води логови на серверот, во кои се запишува IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и преземена датотека од сајтот, за секоја таква операција. Со овие логови се постапува во согласност со општите одредби, или индивидуалната политика за приватност на провајдерот, кој е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации на РМ. Екстерни бројачи на посети Заради зголемена транспарентност и споредбени анализи, веб-сајтот на Метаморфозис користи два екстерни бројачи на посети: Сајт митер и Гугл аналитикс. Екстерните бројачи имаат пристап до следните податоци за посетителите IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од бројачите.
Е-пошта и мејлинг-листи Податоците кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-пошта и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната адреса за е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон. Запишувањето на мејлинг-листите на Метаморфозис е исклучиво на доброволна основа. Согласноста на членовите се обезбедува преку автоматско барање потврда за запишување во мејлинг-листата по внесувањето на нивната адреса за е-пошта во списокот преку веб-сајтот. Алтернативно, лицата заинтересирани за активностите и вестите од Метаморфозис може да се запишат преку потпишување формулари на хартија на настани организирани од Фондацијата.
|