Shqip
Почетна Botime Udhëzues për TIK
Udhëzues për TIK

Udhëzues për TIK që trajtojnë aspekte të ndryshme të e-shoqërisë.

DocumentsDate added

Order by : Name | Date | Hits [ Ascendant ]
„Право на говор не е право на говор на омраза“, е брошурата за средношколци која како деветти водич за ИКТ на Метаморфозис има за цел да го претстави и лоцира говорот на омраза како и да посочи на механизмите со кои истиот може да се пријави и санкционира.

Осмиот „Водич за ИКТ“ на „Метаморфозис“ е наменет за сите корисници на Фејсбук, без разлика на начинот и нивото на кои ја користат оваа социјална мрежа. Тој претставува кратко „упатство за употреба“ на сите достапни опции за заштита на приватноста што особено им е значајно на оние кои често ги споделуваат своите ставови, коментари, линкови кои водат до содржини што им се допаѓаат или ги поддржуваат и фотографии од себеси и од останатите кои се појавиле пред нивниот фотообјектив.

Иако водичот, пред сè, ќе им помогне на корисниците на Фејсбук да ги согледаат начините на кои се споделуваат нивните информации и соодветно да ги приспособат опциите според нивните преференции, сепак, тој не ги исклучува ниту оние кои се скептични кон користењето на социјалните мрежи. Дали некој ќе биде корисник на една социјална мрежа е лично право и избор, но изборот се прави заради сопствени убедувања, кои пак треба да се темелат на информираност. Овој водич го овозможува токму тоа.

Шестиот водич за ИКТ на Метаморфозис е подготвен во тесна соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ со цел да им се помогне на сите е-издавачи, односно поединци и организации кои објавуваат на Интернет, да воспостават и да одржуваат политики за приватност преку конкретни совети и упатства. Едновремено, водичот е наменет за сите граѓани, а особено за новинарите што сакаат да стекнат основа за едно од основните човекови права - приватноста, според кое граѓаните имаат контрола врз протекот на личните податоци за нив или за нивните семејства.
Безбедност на децата на интернет: како возрасните можат да им помогнат на децата во заштитата од потенцијалните опасности на интернет, додека истовремено им укажуваат на содржините и на сервисите од кои можат да ползуваат корист?
Седмиот „Водич за ИКТ“ на Метаморфозис е за сите, бидејќи секој што сака да учи и да стекнува нови знаења може да има корист од него. Овој водич им е наменет и на оние кои го создаваат и сакаат да го споделуваат знаењето во секоја форма со цел да го направат подостапно и пораширено.

Низ овие страници можете да се запознаете со концептот отворени образовни ресурси и сродните иницијативи, состојбата во Македонија, да прочитате примери и добри практики од нивната примена во светот, како и препораки за нивниот развој во иднина. Целта е да научиме и веднаш да го примениме знаењето.

Шестиот водич за ИКТ на Метаморфозис е подготвен во тесна соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ со цел да им се помогне на сите е-издавачи, односно поединци и организации кои објавуваат на Интернет, да воспостават и да одржуваат политики за приватност преку конкретни совети и упатства. Едновремено, водичот е наменет за сите граѓани, а особено за новинарите што сакаат да стекнат основа за едно од основните човекови права - приватноста, според кое граѓаните имаат контрола врз протекот на личните податоци за нив или за нивните семејства.
Безбедност на децата на интернет: како возрасните можат да им помогнат на децата во заштитата од потенцијалните опасности на интернет, додека истовремено им укажуваат на содржините и на сервисите од кои можат да ползуваат корист?
Водичот е наменет за сите кои сакаат да стекнат основни знаења за безбедноста на информациите. Подготвен е во рамките на проектот Иницијатива за информациска сигурност, спроведен од Фондацијата Метаморфозис со поддршка од Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Проектот има за цел поттикнување на воспоставувањето на сигурноста на информациските системи во сите сегменти на општественото и деловното опкружување, како базична претпоставка за функционирање на информатичкото општество.

„На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот - Член 25, Устав на Република Македонија“

Третиот Водич за ИКТ на Метаморфозис е подготвен во тесна соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ по повод Денот на заштитата на личните податоци, 28 јануари. Наменет е за сите кои сакаат да стекнат основа за едно од основните човекови права - приватноста, врз основа на кое на граѓаните имаат контрола врз протокот на информации за нив лично или нивните семејства.

 

file icon Отворен пристап 12/07/2006 Hits: 16308

„Отворениот пристап претставува бесплатна достапност на дигитални содржини преку интернет. Најпозната и најлесно изведлива форма на отворен пристап е објавување рецензирани научни трудови од академски списанија без очекување авторите да бидат платени за тоа.“

Ова е вториот од серијата кратки документи за различните аспекти на ИКТ и информатичкото општество. Водичот е резултат на соработката на Фондацијата Метаморфозис и ЈИСЦ, и е наменет за оние кои се заинтересирани околу прашањата поврзани со отворениот пристап, а особено за студенти, професори, истражувачи, издавачки куќи.
 

 

<< Fillo < Para 1 2 Tjetri > Fund >>
Faqe 1 nga 2

Botimet tona

  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image

Rrjeti ballkanik për përfaqësim gjatë menaxhimit të e-mbeturinave

mwsa-2014-banner-mm1

Privatësia në internet në mënyrë të lehtë

Filmovi-opme-alb
Igri-opme-alb

ifex-member-white

Creative Commons iconPërveç në rastet kur në mënyrë eksplicite nuk është theksuar ndryshe, përmbajtjet e kësaj ueb-faqeje janë të licencuara
sipas licencës Creative Commons Thekso Burimin - Jokomerciale - Pa vepra të adaptuara 2.5.