Shqip
Bota
Швајцарија: Политичарите бараат поголема застапеност на слободниот софтвер во образованието pdf Shtyp Email
Lajme - Bota
E martë, 15 Shtator 2009 09:31
Швајцарската парламентарна група за дигитална одржливост апелира до училиштата во земјата да започнат да користат софтвер со отворен код во образованието.

Тендерот објавен на 2 септември од страна на едно државно училиште во општината Јегенсторф, во кантонот Берн, предизвика незадоволство кај парламентарната група. „Повторно и повторно, на јавните тендери се бара Мајкрософт Виндоуз. Ова иритира, особено кога станува збор за набавките од страна на училиштата, бидејќи државните и меѓународните примери покажуваат дека Линукс е валидна алтернатива“, пишува групата во една изјава.

Во својот тендер, училиштето експлицитно ги отфрла ИТ решенијата базирани на Apple или на софтвер со отворен код.

Оваа дискриминација ги изненадува политичарите бидејќи отфрлањето на алтернативните решенија е веројатно противзаконско, велат, мислејќи на недамнешната одлука на сојузен административен суд во врска со потпишувањето на договор за софтверски лиценци од страна на една владина агенција со Мајкрософт.

Групата нагласува дека пред две години, Владата на кантонот Берн одлучила да ја зголеми употребата на софтверот со отворен код во образованието. Владата ја објасни својата одлука во тоа време, велејќи дека знаењето и искуството со софтверот со отворен код е потребно за студентите и наставниците, воведувајќи ги јавните концепти на овој вид на софтвер.

Јавниот тендер на Јегенсторф ги спречува школските студенти да ја исползуваат разновидноста на софтверот со отворен код и неговите придобивки за образованието и кариерата, вели парламентарецот Едит Граф – Личер од Социјалдемократската партија (СП), еден од членовите на Парламентарната група за дигитална одржливост.

Томас Вајбел, парламентарец од Зелената либерална партија додаде: „Во времиња кога јавните администрации насекаде треба да штедат пари, би очекувал тие сериозно да размислат за набавка на евтини и перспективни системи со отворен код“.

Во нивната изјава, парламентарците бараат да се стави крај на дисторзиите на ИТ пазарот. „Во светот, милиони користат софтвер со отворен код во училиштата. Погледнете ги на пример училиштата во Бразил, во Женева и најновиот пример во швајцарската општина Виниген.

Бернер Цајтинг го цитира Хајнц Рорбах, член на Советот на Јегенстор одговорен за образование, кој вели дека провајдерите на ИТ решенија за софтвер со отворен код се добредојдени да поставуваат прашања. „Сè уште не е ништо одлучено“.

Извор: OSOR.eu "CH: Politicians demand more open source in education" 8 септември, 2009.
 
Сè повеќе здравствени организации применуваат слободен софтвер pdf Shtyp Email
Lajme - Bota
E mërkurë, 02 Shtator 2009 15:55
Болниците и здравствените институции во Европската унија ја зголемуваат употребата на слободен софтвер со отворен код.
Lexo ma...
 
Автоматскиот преведувач на Гугл и на македонски јазик pdf Shtyp Email
Lajme - Bota
E mërkurë, 26 Gusht 2009 12:25
Автоматскиот преведувач на Гугл воведе можност за превод меѓу македонскиот и уште педесетина други јазици.
Lexo ma...
 
ЕУ: Мајкрософт ќе ги вклучи конкурентските интернет прелистувачи за да се спогоди во случајот со ЕК pdf Shtyp Email
Lajme - Bota
E enjte, 30 Korrik 2009 16:35

Мајкрософт понуди да ги вклучи конкурентските интернет прелистувачи во својот оперативен систем Виндоуз, како решение за антимонополскиот предмет на Европската комисија за врзувањето на прелистувач и оперативен систем од страна на Мајкрософт, соопшти Европската комисија на 24 јули.

Lexo ma...
 
Норвешка: Владата ги усвојува отворените стандарди pdf Shtyp Email
Lajme - Bota
E martë, 28 Korrik 2009 10:57
Од јануари, 2012 г., норвешката јавна администрација ќе мора да ги користи форматите ODF и PDF при испраќањето на документи до граѓаните и претпријатијата.
Tags: Норвешка , ODF , PDF
Lexo ma...
 
Пакистан: 14 години затвор за шега со власта pdf Shtyp Email
Lajme - Bota
E enjte, 23 Korrik 2009 12:27
Во Пакистан беше потпишан закон за сајбер криминал, согласно кој, шегите на адреса на шефот на државата на Интернет можат да бидат казнувани до 14 години затвор.
Tags: Pakistan
Lexo ma...
 
<< Fillo < Para 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Tjetri > Fund >>

Faqe 54 nga 70

Botimet tona

  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image

wsa145x160-2013

Rrjeti ballkanik për përfaqësim gjatë menaxhimit të e-mbeturinave

ping_logo

Privatësia në internet në mënyrë të lehtë

Filmovi-opme-alb
Igri-opme-alb

Creative Commons iconPërveç në rastet kur në mënyrë eksplicite nuk është theksuar ndryshe, përmbajtjet e kësaj ueb-faqeje janë të licencuara
sipas licencës Creative Commons Thekso Burimin - Jokomerciale - Pa vepra të adaptuara 2.5.