| е-Инклузивност: Дигитални клубови |
|
|
|
| Programet - Programet |
| E enjte, 26 Mars 2009 17:16 |
|
Во рамките на проектот Дигитални клубови коj веќе неколку години го спроведува Фондациjата Метаморфозис, отворени се 12 дигитални клубови на териториjата на Република Македониjа. Дигиталните клубови нудат голем број на активности и услуги кои вклучуваат пристап до ИКТ од страна на жителите во заедницата, со цел поддршка на нивниот социјален и економски развој. Дигиталните клубови ги исполнуваат стандардите на Метаморфозис за е-точки. Мисијата на дигиталните клубови е обезбедување на едукација, пристап до електронски бази на податоци, употреба на електронски услуги и развивање на свест за информатичката технологија и демократија, како и промовирање на методологии и идеи кои ќе помогнат во забрзување на позитивното ширење на информатичката технологија меѓу луѓето без разлика на нивната возраст и потекло. Мапа на отворени дигитални клубови ДК Камењане Дигиталниот клуб Камењане се наоѓа на главната улица во тетовското село Камењане. Овој клуб располага со 7 компјутери, еден печатач и еден скенер како и интернет приклучок. Ги нуди следните услуги:
ДК Ранковце Дигиталниот клуб Ранковце се наоѓа во селото Ранковце кое е некаде помеѓу Кратово и Крива Паланка. Клубот е сместен во објектот веднаш до општината, а е во непосредна близина на основното училиште во селото. Освен жителите на с. Ранковце, овој клуб редовно го посетуваат и жителите на соседните села (Петралица, Ветуница, Опила, Гиновци, Радибуш, Псача, Отошница и Љубинце). Во клубот има 4 компјутери, еден печатач и еден скенер, како и интернет пристап. Клубот ги нуди следните услуги:
ДК Самоков Клубот се наоѓа во село Самоков, шеесетина километри североисточно од Кичево. Опремен е со 7 компјутери, печатач и скенер, а исто така има и интернет пристап. Најчести посетители на овој клуб се децата и младите од Самоков кои ги користат следните услуги на клубот:
ДК Врама си Овој клуб се наоѓа во Ромскиот центар за едукација „Врама си“ лоциран во сиромашната ромска населба Перо Чичо во Куманово. Негови посетители се деца и млади од населбата и околните населби кои клубот го посетуваат за да ги научат основните нешта за работа на компјутери. Тие во клубот посетуваат курсеви за Word и Excel, како и за пребарување на интернет, а исто така компјутерите ги користат и за интернет, имејл, печатење и скенирање. Инаку клубот располага со 7 компјутери, еден печатач и еден скенер како и интернет пристап. ДК Саса
Од 1 Ноември 2007 клубот ќе има и интернет.
Просечно, клубот има дневно околу 170 корисници, а во рок од 3 месеци обучени се 33 лица за основно користење на компјутерската технологија (Windows, Excel, PowerPoint, Internet). Во моментов, 4 месеци по отварањето на клубот, се обучуваат уште 11 лица, изготвен е предлог дизајн за веб-сајт на дигиталните клубови во Македонија и во изработка е првиот забавен портал на Крива Паланка.
Обуките се наплаќаат 600 денари месечно. Во досегашните 3 месеци од постоењето на клубот обучени се околу 20 жители на Слатина и околните села, а во план се и бесплатни курсеви за изработка на веб-сајтови наменети за членовите на организацијата Милениум, која раководи со клубот.
Услугите на овој клуб секој ден од 9:00 до 15:00 часот ги користат учениците и вработените во училиштето, додека од 15:00 до 17:00 часот клубот е на располагање на членовите на невладините организации и другите правни субјекти од тие населени места. После 17:00 часот, па се до 22:00 часот клубот е отворен за сите жители и тогаш услугите се наплаќаат по 30 денари за еден час користење.
Клубот е отворен секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот.
ДК Ресен
Назад кон програмата е-Инклузивност |