Македонски
Почетна ИКТ Вести Стари написи Собранието го избра Иво Ивановски за министер без ресор задолжен за информатичко општество

Собранието го избра Иво Ивановски за министер без ресор задолжен за информатичко општество PDF Печати Е-пошта
26.12.2006
На 21.12.2006 година Собранието  на Република Македонија со 67 гласа „за“ го избра м-р Иво Ивановски за министер без ресор задолжен за информатичко општество во Владата на Република Македонија.

Премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред пратениците истакна неколку аргументи, кои како што рече ќе одат во прилог за оправданоста од неговиот избор и корисноста што ќе ја има Македонија од неговата работа. Според  него, постоењето на  министер без ресор кој ќе биде задолжен за оваа проблематика значително ќе ја олесни реализацијата на овие проекти.

Владата, како што рече премиерот, со цел Македонија и нејзините граѓани што поскоро да фатат приклучок со модерните информатички технологии во Европа и во светот ќе вложува итно во информатичката технологија.

- Без умеењето да се ракува со компјутери и да се користи интернет денеска тешко е да се замисли започнувањето на каква било работа или бизнис, додаде Груевски.

Премиерот потсети дека Владата планира воведување на задолжителен предмет Информатика во основното образование и целосна компјутеризација на училиштата... Во контекст на тоа, Груевски рече дека Владата ќе спроведе и проект „Компјутер за секое дете“, за што ќе се  одвојат околу 20 милиони евра во повеќе етапи и ќе се обезбедат околу 150 000 компјутери за основците и средношколците, а ќе се  покрене иницијатива и за отворање на приватен факултет за информатика.

М-р Иво Ивановски е од Колумбос САД, и досега беше менаџер на ИТ секторот во компанијата „Пласколит“, произведувач на плексиглас, инаку најголема приватна компанија во светот. Тој е и советник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за прашања поврзани со информатиката и економијата.

Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon    Kajmak.ot
 
sakas_da_volontiras

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

Претплатете се на нашиот е-билтен

ping_logo

Рецензија на сајтови


sajt_na_denot

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5